ВИДЕО| Во Газа урната зграда со дописништва на меѓународни агенции

Gaza tower housing AP, Al Jazeera collapses after missile strike in Gaza city, May 15, 2021. REUTERS/Mohammed Salem

Восокакатница во Газа во која се сместени дописништвата на повеќе медиумски куќи како катарската телевизија Al Jazeera и новинскиот агенции Associated Press и France Presse е урната во саботата со израелски проекти, изјавил очевидец за агенцијата Reuters.

Сопственикот на зградата бил однапред известен дека следува израелски воздушен напад, изјавил репортерот на Reuters и потвдил дека зградата била навремено евакуирана. Додава дека освен канцелариите на медиумските куќи во повеќекатницата имало и многу станови, како и комерцијални поростори.

Агенцијата AFP јави дека телевизијата Al Jazeera директно ги пренесувала сликите од уривање на висококатницата.

„Бомбите паѓаа врз нашата канцеларија. Трќавме по скалилата од 11-от кат и ја гледаме зградата од далеку, молејќи се двоската сепак да се повлече“, напиша на Twitter пред самото ракетирање Фарес Акрам дописник на американската агенција Associated Press од Газа.

Израелската армија го потврди нападот врз зградата, но тврди дека објектот бил легитимна цел зашто бил стратешки центар на Хамас.

„Израелските ловци пред извесно време гаѓаа повеќекатница во којашто се наоѓаше воена опрема којашто ѝ припаѓаше на разузнавачките служби на терористичката организација Хамас. Во зградата се наоѓаа и канцеларии на медиуми кои Хамас ги користеше како жив штит“, се наведува во соопштението за медиуми од Армијата на Израел.

„Пред нападот израелските одбранбени сили однапред ги предупредија цивилите во зградата и им дадоа доволно време да се евакуираат. Терористичката организација Хамас намерно поставува воени објекти во центрите на гисронаселените цивилни области во Појасот Газа“, соопшти прес-службата на израелската војска.

Оваа единесетканиц во Газа е четвртата повеќекатница уништена во израелските удари врз цели во крајбрежната енклава. Според телевизискиот канал Al Arabiya, денеска урнатата зграда била позната како „Ал Џалаја“.

Исламистичкото движење Хамас, кое е на власт во палестинската енклава Појасот Газа со две два милиона жители, и израелската армија од понеделникот разменуваат оган.

Според последните податоци, на палестинската страна се убиени 139 лица, од кои 39 се деца, а уште над илјада се ранети. На изралската страна, пак, врз која се истрелани повеќе од 2.300 ракети од понеделникот, убиени се девет лица, од кои едно е дете а еден е војник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.