ВИДЕО| Во израелски напад убиен важен командант на Хамас, во палестинско ракетирање убиено израелско дете

Израел во средата објави дека во нападите на неговите сили во палестинската енклава Појасот Газа се убиени 16 припадници на вооруженото крило на движењето Хамас, на што палестинските милитанти одговориле со ново ракетирање врз израелските градови во кои во градот Сдерот загинало шестгодишно дете.

Најмалку 56 луѓе, од кои најмалку девет деца, се убиени во Појасот Газа од понеделникот кога ситуацијата ескалираше, објави министерството за здравство во палестинската енклава. Од друга страна, израелските власти соопштија дека во палестинстките ракетирања врз јужните делови на Израел загинале седум лица, од кои едно е дете. И двете страни известуваат за стотици ранети.

Израелскиот премиер Бенјаин Нетанјаху во средата вечерта објави дека меѓу убиените палестински милитанти е и борбените командант „бригадир“ на Хамас, за градот Газа.

„Ова е само почетокот. Ќе ги гаѓаме како што не сонувале никогаш дека тоа е можно“, се закани Нетанјаху.

Набрзо по оваа изјава Хамас истрелал гомен број ракети врз градот Ашдод, како и врз Сдерот, каде што загинал шестгодишник а уште шест лица се ранети, од кои едно е во критична состојба.

Хамас во соопштение ја потврди смртта на командантот и на „други водачи и свети воини“, а челникот на оваа палестинско движење Исмаул Хание предупреи дека „судирот со непријателот е отворен“.

Плаестински извори наведуваат дека настојувањата на Египет, Катар и Обединетите нации за постигнување мир не постигнале напредок кон ставање крај на насилствата кои се разгореа од крајот на изминатиот викенд, по тензиите во текот на светиот муслиманки месец на постот Рамазан и судирите во источен Ерусалим.

Опишувајќи ги сцените на разорувања како „мачни“, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека сАД ќе го испратат дипломатот Хади Амр кој ќе ги повика Израелците и Палестинците на смирување на тензиите.

Од друга страна, американскиот министер за одбрана Лојд Остин ја потврди „цврстата поддршка на израелското легитимно право на одбрана“.

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц порача дека Израел ќе продолжи да ги гаѓа позициите на Хамас за да го обнови долготрајниот мир, се наедува во соопштението за неговиот телефонски разговор со американскиот колега по должност.

Сегашниот судир е најжестокиот од отворената војна во 2014 година во Појасот Газа, а се зголемуваат страувањата дека ситуацијата би можела да се разгоре дополнително.