(ВИДЕО) Во кафуле во Будимпешта роботите носат кафе и ги забавуваат гостите

Роботите во будимпештанското кафуле „Enjoy“ можат сѐ, да носат храна и пијалаци, да кажуваат шеги, да танцуваат со децата и да разговараат со гостите.

Во кафулето коешто го отворила компанијата „E-Szoftverfejleszto“ во унгарската престолнина, цел тим роботи помагаат јавноста да се зближи со технолошките достигнувања во автоматизацијата и вештачката интелигенција.

Роботите келнери се движат по означени патеки додека им ја носат храната и пијалоците на гостите, а доколку овие посакаат, може и да танцуваат со нив.

Некои роботи, пак, служат за забава, како што е на пример „рецепционерката“ Пепер, која разговара со гостите, а исто така може и да танцува со нив. Моделот „Pepper“ го разви јапонската компанија „Sofbank“, а морала да биде модифицирана за да може да ги слушне гостите во бучното кафуле, вели во репортажата на Reuters сопственикот Тибор Чизмадиа.

Судејќи според коментарите на интернет, на гостите им се допаднале способностите на Пепер и немаат забелешка на услугите од нејзините колеги роботи келнери.

И покрај стравувањата дека сѐ поголемата автоматизација и развојот на вештачката интелигенција би можела да го намали вработувањето на луѓето, роботите во будимпештанското кафуле не им ја земаат работата на луѓето.

„Всушност, вработувме двојно повеќе луѓе, бидејќи за да 16 до 20 роботи работат од 9 наутро до 21 часот навечер, мора да имате стручњаци во заднината“, вели Чизмадиа.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.