(ВИДЕО) Во крававиот напад во САД се убиени двајца ученици, а 16-годишниот напаѓач си пукал во главата

Двајца ученици загинаа во нападот што се случи вчера во средното училиште „Саугус“ во калифорнискиот град Санта Кларита. Утврдено е дека напаѓачот е 16-годишен ученик во училиштето, кој се обидел да се самоубие пукајќи си во главата, но преживеал. Тој го извршил нападот на неговиот роденден.

Како што наведуваат американските медиуми, починати се 16-годишно девојче и 14-годишно момче, додека уште три лица се повредени, од кои едниот е во сериозна состојба.

Полицајците утврдиле дека напаѓачот бил меѓу повредените студенти кои лежеле на земја. Тој е исто така во болница и е во критична состојба. Тој во нападот употребил полуавтоматски пиштол калибар 45 калибар и ги испукал сите куршуми.Мотивот за нападот сè уште не е познат.

На снимките на безбедносните камери се гледа дека 15-годишниот го вади пиштолот од ранецот и почнал да пука во пет ученици, по што се застрелал.

Кампусот, во кој има неколку училишта, е затворен, а учениците се евакуирани. Неколкумина од нив биле затворени во училниците и се криеле под масите сè додека не дошла полицијата.

„Тие ни напишаа дека се кријат во плакарите и се плашеа дека ќе умрат. Мојата ќерка ми напиша дека нè сака и побара од нас да дојдеме. Тоа ќе ме убише во еден момент“, рече мајката на еден од учениците.

Децата рекоа дека слушнале истрели пред да започне наставата.

„Еден куршум заврши во ѕидот покрај кој стоевме. Почнавме да трчаме што е можно побрзо“, вели еден од учениците.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.