ВИДЕО| Во Мец девет голови, три црвени картони и прекин поради навивачите

Фудбалерите на Мец и Генгамп одиграа неверојатен натпревар во понеделникот во осмото коло од француската втора лига со девет погодоци, три исклучувања, пет жолти картона и 25-минутен прекин поради инциденти на навивачите.

На крајот гостите славеа со 6:3, откако Мец остана без тројца исклучени играчи.

Домашните поведоа уште во 2 минута со автоголот на Винсент Мансео. Но пет минути подоцна Жереми Ловолан израмни од пенал. Долго не се чекаше ниту на следниот погодок, во 10 минута Абли Џалоув погоди за 2:1, а веќе во 16 минута овој напаѓач од Гамбија го доведе Мец во водство од 3:1.

По постигнатите четири погодоци за првите 16 минути и сигурното водство, се чинеше дека домашните лесно ќе дојдат до победа. Но тогаш започна неверојатната серија несфатливо нерезонските потези на играчите на Мец.

Во 31 минута домашниот стопер Кики Кујате доби жолт картон, но потоа му префрли на судијата и поради тоа беше исклучен од мечот. Генгамп со играч повеќе во 45 минута намали на 2:3, а стрелец беше Стефан Куемпе.

Само две минути подоцна „поцрвене“ и домашниот голман Александр Укиџа која притоа направи пенал. Гаетан Гурте беше сигурен од белата точка за 3:3 и враќање во игра на гостите, кои веќе имаа предност во полето од два играча.

Во 56 минута домашните останаа и без третиот играч, кога поради исклучително груб и опасен старт над противничкиот играч предвреме мечот го заврши Жан-Жак Данлеи.

Две минути подоцна натпреварот беше прекинат. Судијата Пјер Гељус ја запре играта и ги прати екипите во соблекувалните. Во почетокот не беше јасно што се случило, но подоцна се дозна дека еден навивач се качил на оградата и му се заканувал на судијата. Прекинот траеше 25 минути, по што дуелот продолжи со соодносот 8 наспроти 11 играчи во полза на гостите.

Големата бројна предност Генгамп ја искористи со уште три гола до крајот на мечот, а стрелци беа Дилан Луисер во 69, Барен Тчимембе во 85 и Жереми Ливолан во 88 минута. Сите три погодока беа одлични, првите двајца погодија со удари надвор од шеснаесетникот, а третиот од слободен удар.

Генгамп со оваа победа се проби на шестото место на табелата со 13 бодови, три помалку од лидерот Сошо, а Мец е осми со 11 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.