(ВИДЕО) Војна на улиците во САД поради смрта на Афроамериканецот Флојд, се огласи Трамп

65

Насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд предизвика хаос во САД, а по тој повод се огласил и претседателот Доналд Трамп.

Полицијата и демонстрантите се судрија повторно, втора вечер по ред во Минеаполис за време на протестот за смртта на Афроамериканецот Флојд, кој почина во понеделникот за време на полициското апсење во тој град.

Полициските вооружени сили со камиони, солзавец, пластични куршуми и гранати за да ја стават ситуацијата под контрола.

Демонстрациите започнале неколку часа откако градоначалникот Џејкоб Фреј го повикал обвинителството да поднесе кривична пријава против полицаецот, кој се гледа на видеото како држи колено на вратот на сега починатиот Флојд во лисици, кој се пожалил дека не може да дише.

Стотици демонстранти, од кои голем дел биле маскирани, ги исполниле улиците околу полициската станица во средата вечерта, недалеку од местото каде што бил уапсен Флојд, извикувајќи, „Нема правда, нема мир“ и „Не можам да дишам“.

Телевизиската снимка, направена од хеликоптер, покажува дека десетици луѓе ја ограбиле продавницата „Таргет“ и излегувале од неа со облека и колички полни со производи.

Пожар избувнал во неколку компании, меѓу кои и продавница за делови за автомобили.

Медиумите објавија дека мал протест, кој минал мирно, се одржувал и во предградијата, пред куќата на еден од полицајците кои учествувал во апсењето на Флојд.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на Твитер објави дека го повикал Федералното биро за истраги (ФБИ) да ја забрза истрагата, додавајќи дека ја цени работата на локалните полициски сили.

На собирот на граѓаните му претходело соопштението дека четворица полицајци вклучени во апсењето на Џорџ Флојд, кој починал во полицискиот притвор, биле отпуштени од работа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.