(ВИДЕО) Во Неапол уапсен босот на Камора

Еден од најбараните криминалци во Италија, шефот моќната мафијашка организација Камора, Мардо Ди Лауро, е уапсен во саботата во Неапол во текот на операција на полицијата и карабинерите, соошти вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Матео Салвини.

Ди Лауро е четвртиот син на Паоло Ди Лауро, наречен „Чируцо“ или „Милионер“, основач на каморското наполитанско семејство Секондиљано.

На листата најопасни припадници на мафијашките организации, 38-годишниот Марко Ди Лауро беше на второто место, веднаш по еден од челниците на сицилијанската Коза Ностра, Матео Месина Денаро. Полицијата по Ди Лауро трагаше последните 14 години, вклучително и во повеќе земји во Европа, Азија и Латинска Америка.

Во мај 2012 година, од Апелациониот суд во Неапол Ди Лауро беше осуден во отстуство на доживотен затвор поради убиство на младиот Атилио Романо, извршено од мафијашката организација по грешка во јануари 2005 година. Според истрагата, Ди Лауро стоел зад бројни големи компании кои ги контролирала Камора, а особено имал удел во трговијата со дроги, заедно со калабриската мафијашка организација ‘Ндрагета.

Пред три години, со цел да го промени физичкиот изглед, Ди Лауро се подвргнал на пластична операција. Покрај тоа, полициските информатори известиле дека криејќи се од силите на редот, тој честопати се преоблекувал во женска облека.

Шефот на полициската управа на Неапол, Антонио Де Џезу, за новинарите изјавил дека при апсењето Ди Лауро не поседувал оружје и оти не пружал отппор. Министерот Салвини им се заблагодарил на полициските службеници а „брилијатно спроведената операција“.