(ВИДЕО) Во падот на хеликоптерот на Менхетен загина пилотот

887

Во тешкото принудно слетување на хеликоптер на покривот на облакодер на њујоршки Менхетен, засега е потврдено дека животот го загубил пилотот, а причините за несреќата сѐ уште не се познати.

Хеликоптерот малку пред 20 часот по средноевропско време по дожд и магла се урнал на покривот од 54-катниот облекодер „AXA Equitable Center“ на Седмата авенија, на бројот 787. Десетици возила на протвпожарната и другите итни служби пристигнале во овој многу фреквентен дел од Њујорк, во близина на Тајм Сквер.

Се претпоставува дека загинатото лице е пилотот на хеликоптерот, изјави за медиумите њујоршкиот градоначалник Бил де Блазио. Нема повредени ниту во зградата, ниту на околните улици, додаде и истакана дека ова можело да биде уште пострашна несреќа. Според него, причината за падот на хеликоптерот сѐ уште не е позната, но нема никакви знаци дека станува збор за терористички чин.

Хеликоптерот полетал од хелиодром на источната страна на Менхетен и се урнал по единаесет минути. Местото на несреќата е оддалечено само 800 метри од „Trump Tower“, каде што е приватниот апартман на американскиот претседател Доналд Трамп.

Нејтан Хатон, информатичар на француската банка „BNP Paribas“, сместана на 29-от кат, рекол дека зградата се тресела кога хеликоптерот го погодил покривот“. „Ти само стоиш таму, а некој со рака се обидува да те истурка. Се почувствува низ целата зграда“, го опишува ударот.

Уличен продавач на чадори, 50-годишниот Мелвин Далгас слушнал „татнеж“ кога хеликоптерот се урнал. „Не видов, но почувствивав. Од врвот на облакодерот се издигаше чад“, додал. Пожарот кој избувнал на покривот брзо е изгаснат, а зградата евакуирана.

„Феноменално работат нашите прекрасни пожарникари кои се во моментов на местото на настанот. Администрацијата на Трамп е подготвена доколку нешто ви е потребно“, напиша на Twitter американскиот претседател.

Облакодерот „AXA Equitable Center“ е повисок од 229 мети, а изграден е во 1985 година. Во оваа зграда се наоѓа и „Le Bernardin“, еден од најпрочуените ресротани во Њујорк.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.