(ВИДЕО) Во Пехчево закопани живи кучиња, од градоначалникот молк

10914

Помор на кучиња во Пехчево, комуналните служби со багери ги собираат и фрлаат, закопуваат додека се сѐ уште живи, соопштуваат од здружението „Анима Мунди“.

 

Бараме најитна истрага и кривична одговорност на сите инволвирани кои стојат зад монстурозноста во Пехчево, масовното , организирано труење низ цел град , невидливо за полициските служби на градот и пред се општинската администрација на чело со градоначалникот Драган Тренчовски !

„ Едното куче ми го отруја. Деца сакаа да го погалат, така приметив. Среќа што видов на време, можеа да се затрујат и децата“ ни изјави Марјанчо Димитров кој во поморот кој ги задеси животните во Пехчево ја загуби својата Лиска. Еден од многуте кои пред очи виде тетеравење кое најблиску личи до циклус силни епилептични напади и гушење во повраќаница до смрт на својот миленик.

Одвратни, умоболни слики и снимки денес стигнаа до нас кои без дилема сведочат за масовно и организирано труење на животните во Пехчево. Цел град, животните, но и луѓето, а децата пред се се изложени на опасност по својот живот од отрови кои сотреа еден куп миленици и животни кои немаат дом, се додава во соопштението.

Од „Анима Мунди“ бараат итна полициска истрага, истрага на сите надлежни институции и служби и најстрога казна за организаторите – нарачателите и спроведувачите на овој чин, како и дека ако градоначалникот уште молчи и итно не преземе мерки во соработка со полицијата и АХВ, чинот ќе го сметаат за директна инволвираност и одговорноста ќе ја бараат кај него.

Skin Delight