Видео Во Полска околу 200.000 маршираа, патриотите го запалија знамето на ЕУ

Околу 200.000 луѓе, вклучувајќи ги полските лидери и националистички групи, маршираа низ Варшава во неделата за да ја одбележат 100-годишнината од независноста на Полска.

Ваквиот марш веќе некое време е тема на дебата за тоа дали владејачката партија ги поттикнува фашистичките групи и антисемитските движења. Владините функционери се движеа на одредена оддалеченост од главниот марш и националистите.