(ВИДЕО) Во пожар во воз во Пакистан смртно настрадани 65 луѓе

Во возот во Пакситан во кој во четвртокот избувна пожар во кој смртно најмаку 65 луѓе а уште 40 други се повредени, а некои од патниците скокале од возот во движење за да го избегнат пламенот.

Огнот избувнал кога експолидирале резервоарите за гориво кои патници ги користеле за подготовка на доручекот, и уништели три вагона во близина на градот Рахим Јар Кан, на југот од покраината Пенџаб.

„Разнесени се две печки на загревање на маслото, кога се додавало гориво. Повеќето настрадале при скокање од влозот“, изјави министерот за железнички сообраќај, шеикот Рашид Ахмед за телевизијата Geo.

Се додава дека станува збор за возот „Tezgam“, еден од најстарите и најпопуларните железнички линии која ги поврзува гарнизонскиот град Равалпинди, близи главниот град Исламабад, и јужниот пристанишен град Карачи.

Бакир Хусеин, шефот на оркужната служба, изјавил дека бројот на загинатите може да се зголеми.

Пакистанската железничка мрежа од колонијалниот период последните децении пропаѓа поради хроничното недоволно вложување и лошото одржување. Во јули најмалки 23 лица загинаа во несреќа, а во втора несреќа во септември четири лица. Околу 130 луѓе загинаа во 2005 година, кога воз налета на друга композиција во провинција Синд.