ВИДЕО| Во пукање во Алабама убиени четири и ранети дваесетина лица

Најмалку четири лица се убиени а уште најмалку дваесет други се ранети во неделата во пукање на роденденска забава на тинејџер во гратчето Дејдевил во американската сојузна држава Алабама, пренесуваат локалните медиуми.

Пукањето се случило во студио за танцувањето во саботата околу 22,30 часот по локално време, извести локалната телевизиска станица WRLB. Мотивот засега не е познат, ниту дали има приведени и осомничени за инцидентот.

Телевизјата Fox News, во прилогот пренесува дека Дејдвил е мирен град во кој живеат само околу три илјади луѓе, па трагедијата силно ја потресе локалната заедница. Гувернерката Кеј Ајви изјавила дека нејзиното „срце е со луѓето од Дејдвил, како и цела Алабама, во ова тешко време“.

Бен Хејнс, свештеник на локална баптистичка црква, го потврдил инцидентот за ABC News, велејќи дека ја минал ноќта со семејствата на загинатите и ранетите. Според неговите информации, на прославата во мал затворен простор имало педесетина луѓе. Повеќето од нив биле членови на поширокото семејство. Во одреден момент дошло до расправија и пукање, рекол свештеникот.

Станува збор за второ масовно пукање во ист ден, бидејќи малку претходно во саботата вечерта маж пукал во парк во Луисвил, во сојузната држава Кентаки. Во тој инцидент загинале две лица, а четворица се повредени.

Пред неколку седмици се случија две масовни престрелки во соседните држави Тенеси и Кентаки. Во нив загинаа 11 лица, а девет беа ранети. Поради вооружените инциденти, локалните власти минатата недела повикаа на построги мерки за контрола на оружјето.

Во првите петнаесет седмици од годинава во САД се забележани 162 случаи на масовни престрелки, односно повеќе од еден и пол случај дневно.

Оваа статистика ги вклучува само престрелките во кои биле застрелани најмалку четири лица, а не го вклучува ранувањето или смртта на сторителот. Ова доволно говори за степенот на катастрофата за која активистите веруваат дека е предизвикана од добро познатата многу либерална политика на САД за поседување огнено оружје.