(ВИДЕО) Во Рим стотици мртви птици за новогодишната ноќ

Во главниот град на Италија, Рим, стотици птици починаа по огнометот што беше испукан на новогодишната ноќ. Според познавачите, тие најверојатно починале од страв.

Снимките од улиците во близина на главната железничка станица во Рим покажуваат дека голем број птици лежат безживотно на земја, објави АП.

https://www.youtube.com/watch?v=AMbVEjJq3is&feature=emb_logo

Според „Кориере дела сера“, стотици мртви птици лежеле на улиците помеѓу станиците Термини, Ескилино и Виа Национале во центарот на италијанската престолнина, а вистински тепих од мртви животни ги прекрил патот и тротоарите.