ВИДЕО| Во Северна Митровица солзавец, шок бомби и истрели, еден Србин ранет, Вучиќ на итен состанок

172

Припадниците на косовската полиција за економски криминал и царина затворија неколку продавници во северниот дел на Косовска Митровица и околните области, предизвикувајќи реакција кај жителите на тој град, кои со камиони и возила блокираа одредени градски улици и крстосници.

Српските медиуми пренесуваат дека од зад грб било пукано во Србин од Звечане кому куршиумот ми излегол низ градите и бил итно хоспитализиран. Српското население се групира и се упатува кон Косовска Митровица, додаваат медиумите.

Истовремено, по драматичните сцени во Косовска Митровица и упадот на единциите на ROSU и ранувањето на Србинот, спрскиот претседател Александар Вучиќ репшил итнода се средне со претставнциите на косовкските Срби во Рашка, близу административната граница каде што и натаму има распоредени единции на војската и жандармеријата на Србија.

Припадници на Единицата за интервенција на косовската полиција се исто така во соседната општина Звечан, пренесува РТС.

Како што велат, патот што води до населбата Рударе кај мостот е блокиран.

Полицајци фрлале солзавец врз насобраните граѓани кои блокирале неколку улици, а сирените за тревога се огласиле во сите правци.

Според последните информации од очевидци, ROSU се повлекла во јужниот дел на Косовска Митровица, сирените престанале, но хаосот продолжува. Како што пренесуваат на социјалните мрежи, Србите ги испратиле со камења.

За време на немирите, приватните автомобили што биле паркирани биле запалени и уништени. Голем број граѓани се собрале и во техничкото училиште, каде наводно во нередите биле повредени неколку граѓани, а набрзо пристигнала и брза помош, според очевидци.

Слична ситуација се случи и во Звечан, каде имало експлозии, а чадот се проширил на сите страни.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.