(ВИДЕО) Во Шпанија најтешкиот ден од пандемијата, 849 починати

Во Шпанија во вторникот починале 849 лица, во најтрагичниот ден од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот, со што вкупниот број жртви достигна 8.189 лица, приближувајќи се кон новиот психолошки праг.

Повеќе починати има само Италија, па во Шпанија расте загриженоста, каде што населението од 14-ти март е затворенo во своите домови, во очекувањата владата да ја запре епидемијата во земјата.

Во вторникот заболеле нови 9.222 лица, со што вкупната бројка инфицирани се зголеми на 94.417 луѓе. Од нив досега оздравеле 19.259 пациенти.

„Тендецијата е таква, како што зборувавме минатите денови. Мерките против ширењето на заразата ќе имаат ефект следните денови. Сега нема смисла да се воведуваат нови мерки, бидејќи сегашните се веќе извонредно цврсти“, изјави челникот на здравствената служба Фернандо Симон во телевизиското обраќање од својот дон преку сервисот Skype.

И Симон е заразен, па поради зголемената телесна темпеаратура втор дена не може да учествува на редовните прес-конференции.

Од понеделникoт 47-те милиони Шпанци не смеат да излегуваат ниту на работа, освен доколку не се ангажирани во некои од неопходните служби за одржување на животот во заедницата, како што се здравството, полицијата, производството и дистрибуцијата на храната, електричната енергија и гасот. Владата го забрани одењето на работа, освен за најнеопходните служби.

Со пристигнувањето на новите пациенти, болниците ги прошируваат своите капацитети со подигнување големи шатори во дворовите, додека градските власти низ Шпанија ги пренаменуваат салите и саемските хали. Текстилните компании ги пренасочуваат своите линии за изработка на заштитни маски, а некои производители на алкохол започнаа со производство на средства за дезинфекција.

Шпанија ги очекува од Кина тестовите за брза дијагноза на коронавирусот, со коишто ќе се направи проверка колку лица навистина се заразени во целата популација.

Во обидат за дополнително сузбивање на заразата, владата во Мадрид го забрани одењето на работа во следните два месеца, дополнително го придуши парализираното стопанство. Синдикатите ги поздравија потегот, додека здруженијата на работодавачите се жалат. Компаниите веќе со денови привремено ги отпуштаат вработените на периодот додека во земјата владее вонредна состојба. Таа на сила ќе остане најмалку до 11-ти април, иако е веќе изгледно дека ќе биде продолжена, имајќи предвид дека Шпанија е третата земја во светот според бројот на заболените по САД и Италија.

Оние коишто ќе останат без работа се под закана да не можат да ги отплаќаат кредитите и наемите. Особено се загрозени лицата без работни договори на неодредено време или оние кои самостојно пружаат услуги, како и семејствата во кои двајцата родители се опфатени со привремените откази. Владата денеска разгледува мерки со коишто ќе ги заштити таквите лица, а еден од предлозите е давањето микрокредити без камати. Синдикатите, пак, повикуваат на одложување на плаќањето на наемнините и кредитите.