(ВИДЕО) Во Шри Ланка осма експлозија, бројот на убиените расте кон 200 лица

70

Осмата екслозија во неделата згрмела во Шри Ланка, пренесува агенцијата AFP повикувајќи се на полициски извори но засега нема поединости за најновата во серијата детонации во христијански цркви и лускузни хотели во кои досега загинаа најмалку 185 луѓе а речиси 500 се ранети.

Телевизијата NEWS 1ST објави снимка на која се гледа моментот од експлозијата во црквата на свети Антонио во Коччикаде.

Според полициски извори, речиси исто времено експлозии одекнале за време на велигденската миса во католичката црква „Свети Ентони“ и во три хотели со пет ѕвезди во главниот град на Шри Ланка, Коломбо. Покрај овие, експлозии имало и во католичката црква „Свети Себастијан“ во местото Негомбо, на 30 километри од Коломбо, како и во христијански храм во Батикалоа, на 250 километри источно од главниот град на земјата.

Трите луксузни хотела во кои оддекнале експлозиите се „Shangri-La Colombo“, „Kingsbury Hotel“ и „Cinnamon Grand Colombo“. Како што соопштија властите во Коломбо, меѓу загинатите има и 12 странски државјани. Меѓутоа, според информациите на AFP, бројот на загинатите странски државјани изнесува најмалку 35 жртви. Засега нема податоци за нивната националност.

Анонимни безбедносни извори информираа дека најмалку две од експлозиите биле предизвикани од бомбаши самоубијци.
Според болнички извори, при нападот во Негомбо загинале најмалку 105 лица, во Коломбо 46, а во Батикалоа 24.
Засега никој не презеде одговорност за експлозиите. Властите засега одбиваат експлозиите да ги наречат терористички напад.

Поради експлозиите премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремесинге свика итна седница на неговата Влада, а шефот на државата Маитрипала Сирисена соопшти дека армијата и полицијата започнале истрага за откривање на одговорните за инцидентот.
„Се обидуваме да утврдиме дали има заговор зад овие напади“, изјави Сирисена, повикувајќи ги жителите на Шри Ланка да останат смирени.

Првиот човек на Католичката црква во Шри Ланка, кардиналот Малколм Ранџит изјави дека засега е нејасно дали за експлозиите е одговорна некоја локална или меѓународна група.

Мнозинството од жителите на Шри Ланка се будисти, но околу седум проценти од населението на островот се католици.
Ова е прв сериозен бомбашки напад во Шри Ланка од завршувањето на 25-годишниот конфликт меѓу властите во Коломбо и сепаратистичката група Ослободителни тигри на тамилскиот Елам (LTTE) во 2009 година.

 

 

https://www.youtube.com/channel/UCD1hXGDLDh6OkRlLvKYCV3w?feature=embeds_subscribe_title

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.