(ВИДЕО) Во Туркменистан инаугуриран голем златен споменик на пес

Туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов свечено ја откри големата статуа на овчарски пес излеан во злато, поставена на централниот плоштад во престолнината Ашгабат, како своевидна ода за расата централноазиски овчар со којашто се гордее нацијата.

На постаментот на статута се вртат снимки од расата алабај, а самата скулптура е посветена на омиленото куче на претседателот Бердимухамедов кој и својот сопствен лик нареди да се излие во злато, па така неговата статуа на коњ е поставена недалеку од кучешката.

Традиционалните чувари на стадата, кучињата и коњите се драгоцени животни во шестмилионската туркменска нација, која најголемиот дел од своите приходи ги остварува со експлоатација на природен гас.

Бердимухамедов владее со оваа поранешна советска република од 2007 година, а официјално го нарекуваат и „аркадаг“ односно „заштитникот“. Бердимухамедов на чело на Туркменистан дојде по смртта во 2006 година на неговиот ексцентричен претходник Сапармурат Нијазов, кој преименуваше неколку месеци во годината според членовите на семејството и си подигна себеси златна статуа. И Гурбангили Бердимухамедов разви сопствен култ на личноста, и како и претходникот си подигна голема златна статуа во Ашгабат.

На расата Алабај, централноазискиот овчар, Бердимухамедов ѝ ја посвети и националната химна, за неа напиша книга и песна. Кутре од оваа раса, како знак на големо пријателство меѓу двете земји, му подари и на рускиот претседател Владимир Путин.

Станува збор за извонредно куче, кое е познато како истребувач на волцим бидејќи се одликува со извонредна храброст во чувањето на стадата овци и кози, како и стражар и чувар на домовите. Но се одлгедува и за борби на кучиња, што е традиционална и популарна забава во Туркменистан.