ВИДЕО| Волшебни настапи на Дончиќ и Јокиќ – Рушат рекорди и влегуваат во историјата на НБА

Тимот на Далас Маверикс оствари голема победа на гости кај Индијана Пејсерс, а конечниот резултат на овој меч беше 127:104, со што екипата од Тексас го прекина низот од четири порази по ред.

Со последниот триумф Маверикси се враќаат во трката за доигрување, а во оваа победа голем удел имаше и враќањето на теренот на феноменалниот Лука Дончиќ.

Откако пред неколку денови ја шокираше кошаркарската јавност со изјава дека не е среќен додека игра кошарка, вчеравечер тој повторно беше оној стариот и ги доведуваше до лудило противничките играчи.

Дончиќ мечот го заврши како играч на натпреварот со учинок од 25 постигнати поени, 7 скокови и 6 асистенции, а сето тоа успеа да го постигне за само 28 минути на паркетот. Малата минутажа всушност му беше доволна на феноменалниот Словенец да го направи овој историски потфат и со тоа да стане најдобар во американската кошаркарска лига.

Ова е четврта сезона по ред на Дончиќ во НБА да има барем 49 такви натпревари, а втора во која е најдобар во НБА лигата.

Пресвртот го направи со својата извонредна асистенција и потег со кој ја крена на нозе целата сала. Беше во аголот од игралиштето, свртен со грбот кон теренот, а до него беа дури двајца противнички играчи. Но, Дончиќ тогаш направи чудо. Се сврте скокна кон аутот и ја додаде топката на спротивниот дел од рекетот, каде се наоѓаше негвиот соиграч Џеден Харди, кој беше осамен на позиција за шут за три поени. Харди, откако ја прими топката реализираше тројка.

Исто така, вчеравечер, одличен натрпевар одигра и тимот на Денвер Нагетс, кој на свој терен ја совлада Филаделфија со резултат 116:111, а на овој меч историски одигра фантастичниот Никола Јокиќ.

Српскиот кошаркар беше најдобар во редовите на тимот од Колорадо, и оствари нов трипл-дабл – 25 поени, 17 скокови и 12 асистенции.

За Јокиќ ова беше десетти пат сезонава да постигне најмалку 25 поени, повеќе од 15 скокови и над 10 асистенции на еден натрпевар. Пред него во НБА, само двајца играчи имале барем 10 такви натпревари. Станува збор за Вилт Чембрлен и Оскар Робертсон, и тоа пред дури 50 години.