10.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

(ВИДЕО) Вооружени банди маршираат низ Дижон и пукаат во воздух, на специјалците тешко им оди

Снимките, кои започнаа да кружат на интернет последниве неколку денови, се чини дека доаѓаат од бојно поле во Сирија,а сепак доаѓаат од Франција.

На нив, тешко вооружена група маскирани мажи, кои изгледаат како некаква паравоена формација, позираат пред камерата со пушки, пиштоли, метални шипки и барем една секира, извикувајќи пароли на француски јазик со изразен странски акцент.

На другите снимки, може да се види и слушне истата вооружена група како парадира по улица и пука од оружјето во воздухот. Но, ова очигледно не е прослава, туку заплашување на непријателот – или на целиот град.

Сето ова се случува во францускиот град Дижон, тврди независниот белгиски новинар со грчко потекло Сотир Димпинудис, кој ја објавил снимката на Твитер. Сепак, автентичноста на снимките не може да се потврди независно.

„Видеото што го гледате не е снимено во Сирија или некаде на Блискиот исток, туку денеска на улиците на Дижон во Франција … Членовите на банда владеат по улиците, силно вооружени …“, напиша Димпинудис на една од снимките што ги објави во понеделникот.

Вестите од тој француски град потврдуваат дека овој неверојатен инцидент се случил токму таму и фрла светлина врз позадината на настанот. Имено, француската интервентна полиција е испратена во Дижон за да го запре насилството што избувна таму за време на конфликтот на ривалските имигрантскии банди што трае четири ноќи по ред.

Од една страна, бандата е составена од чеченски имигранти, а од друга страна, банда од имигранти од Северна Африка, односно земјите од Магреб, претежно од сиромашниот округ Гресил. Двете банди се обидуваат да ги „израмнат сметките“, рече високиот официјален претставник Бернар Шмелц.

Јавниот обвинител на Дижон Ерик Матијас изјави дека Чеченците наводно ги користеле социјалните медиуми за да повикаат на одмазда низ Франција затоа што бил нападнат припадник на нивната заедница, 16-годишно момче, за кое тие ги обвинија мигрантите од северноафриканската област Магреб.

Немирите во градот траеле четири ноќи, пред силно вооружената интервентна полицијата и жандармите. Полицијата соопшти дека бандитите, покрај пукањето во воздух, ги уништиле камерите за набљудување и палеле контејнери и автомобили.

„Сакам да испратам многу јасна порака до хулиганите што ги видовме како покажуваат оружје, на поединците кои дошле да извршат насилството во Дижон“, рече министерот за внатрешни работи Лоран Нуез, најавувајќи дека тој лично ќе го обиколи градот. Тој додаде дека полициското засилување ќе остане на улиците „онолку колку што е потребно“.

„Кога ќе се случи вакво нешто, ние веќе не сме во функционална Република“, изјави градоначалникот на Дижон Франсоа Ребсамен за телевизијата БФМ, предупредувајќи на недостаток на полициски сили.