(Видео) Воз прегази десетици луѓе

Десетици луѓе загинаа кога на нив налетал воз во Амритсар, во северната индиска држава Панџаб, јавија локалните ТВ станици. Како што објави агенцијата АП, индиски официјален претставник изразил стравување дека можно е во инцидентот да загинале дури 50 луѓе.

Жртвите биле дел од ритуална поворка долж пругата, а која спроведувала обред по повод хинду фестивал. Тие поради огнометот и пиротехниката не го слушнале возот, кој не можел да ги избегне луѓето. Меѓу жртвите има и многу деца.