Вистинска катастрофа беше избегната во центарот на Скопје, на бензинската пумпа која се наоѓа наспроти соборниот храм. На бензинската пумпа избувнал пожар, по што се вклучиле алармите и сите од околината побегнале. Во исто време, поради опасноста од експлозија, полицијата го блокираше пристапот на булеварите Партизанска и Илинденска.
Херојот на денот е еден од вработените на бензинската пумпа на „Макпетрол”, кој додека сите побегнале самиот извлекол апарат и го изгаснал огнот, со што спречил експлозија.
За неговиот херојски чин, за „Лидер” раскажуваат граѓаните кои се затекнале во близина.
Додека сите избегаа еден од вработените на бензинската пумпа на „Макпетрол” самиот извлече против пожарни апарати и го гаснеше огнот кој избувна на бензинската. За малку, самиот спречи катастрофа. Кога дојдоа пожарникарите, нивниот командир го побара храбриот пумпач и му честита. – сведочи за Лидер граѓанин кој бил на лице место.
До „Лидер” граѓаните доставија и видео од хаосот кој се случувал на улиците на Скопје.