(ВИДЕО) Вселенската капусла на SpaceX се спушти во Атлантикот

Новата американска капсула за човечки екипаж Crew Dragon (Dragon 2) на приватната компанија „SpaceX“ за транспорт на луѓе до Меѓународната вселенска станица (ISS) спуштена е во петокот според планот во Атлантскиот Океан, соопшти американската агенција за вселенски истражувања НАС.

По петдневата мисија, капсулата „Crew Dragon“, овојпат без екипаж, се одвои од ISS и во 8,45 часот утрото по локално време, или 14,45 часот по македонско време падна во Атлантикот, околу 200 милји оддалечено од брегот на Флорида.

Со тоа е завршена првата орбитална мисија со којашто NASA веќе подолг период се обидува во Вселената да испрати човечки екипаж од американска почва, наместо да се лансираат од Русија.

Станувало збор за брз и огнен спуст низ атмосферата на Земјата, за кој сопственикот на „SpaceX“, Илон Маск, најави дека ќе биде најтешкиот дел од мисијата. Беше загрижен дали падобраните исправно ќе се распоредат и дали системот ќе ја насочи капсулата кон вистинската локација.

Успешното пристанување на капсулата „Crew Dragon“ на ISS во неделата претставува голем чекор во остварувањето на желбата на Маск да лансира луѓе во космосот во научни но и во туристички цели.

Станува збор за последното од низата тестирања коишто „Crew Dragon“ мораше да ги мине за да добие одобрување од NASA да превезува луѓе. Планирано е во јули „SpaceX“ пренесе американски астронаути до ISS. Капсулата овојпат ја пренесе куклата која беше во вселенски костум опремен со сензори, за да се утврди како летот може да влијае врз човекот.