ВИДЕО: Вториот пилот на рускиот „Сухои“ тврди дека не добиле предупредување

Вториот пилот од рускиот „Сухои“ кој беше соборен на турско-сириската граница од турските сили, стои на својата изјава дека нивниот авион не преминал во турскиот воздушен простор.

Невозможно е да сме го нарушиле воздушниот простор дури и за секунда. Летавме на височина од 6.000 метри во целосно чисто време и имавме целосна контрола на правецот на лет, вели Константин Муракхтин за руските медиуми.

Покрај тоа што ги негираше обвинувањата на Анкара за нарушување на воздушниот простор, Муракхтин, кој вели дека ја познава областа на мисијата „како сопствената дланка“ исто така ги отфрли тврдењата на турските власти дека пилотите биле предупредени повеќе пати.

Всушност, немаше никакви предупредуваеа. Ниту преку радио, ниту визуелно, затоа не го променивме курсот. Мора да ја разберете разликата во брзината помеѓу тактичкиот бобардер како Су-24 и онаа на Ф-16. Ако сакаа да не предупредат, можеа да застанат на нашиот пат, вели копилотот кој во моментов се наоѓа во руската воздушна база во Латакиа, северна Сирија.

Тој вели дека ракетата сосема ненадејно го погодила авионот во задниот дел. Немавме време ниту да направиме маневар за повлекување.

Авионот беше соборен на сириска територија, а двајцата пилоти се катапултираа. Пилотот Сергеј Румјанцев бил убиен, од страна на бунтовничката Туркменска бригада што тврди дека го застрелале пилотот во моментот додека слетувал со падобранот.

Муракхтин беше извлечен по 12 часовната операција на руските и сириски специјални единици, во која животот го загуби уште еден руски маринец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.