(ВИДЕО) Вучиќ: Заев ме гледаше како да сум ‘шлакнат’ кога му кажав дека нема да му отворат преговори и бев во право

Претседателот Стево Пендаровски посочи дека влегувањето во ЕУ ќе биде долг процес.

-Залагањето на Макрон е да се усвои нова методологија за членство во јануари 2020-та година, а не подоцна од март, но не ми даде гаранции за отворање на преговорите. Новата методологија децидно кажува дека не се предвидува никаква замена на членството со некоја алтернатива за земјите од Западен Балкан. Тоа беше главната тема на разговорите со Макрон.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ истакна дека сите на Балканот чекаат да станат членки на ЕУ.

-Ме прашувате дали се во Брисел сигурни дека знаат што ќе прават со себси или со нас, јас ќе ви кажам дека тие не се сигурни што сакаат со нас. Јас тоа на Зоран (Заев) му го кажав кога бевме во Нови Сад. Заев ме гледаше како да сум “шлакнат“ кога му кажав дека нема да му отворат преговори и бев во право, рече Вучиќ.