(ВИДЕО) Вулкански експлозии на италијанскиот остров Стромболи

ANSA/GIANNETTO BALDI

Вулканот Стромболи на истоимениот италијански остров во Тиренското Море близу Сицијлија, повторно се активираше во неделата утрото, соопшто италијанскиот Национален институт за геофизија и вулканологија (Ingv).

Според соопштението, новата ерупција се случила во мугрите околу 6,23 часот кога е забележана силна експлозија, по што од вулканскиот кратер започнал да се издига столн црн чад. Ерупцијата била придружена со исфрлање големи количества пепел, песок и друг вулкански материјал. Научниците регистрирале две „експлозии со висок интензитет, кои предизвикале треперења на површината на земјата“.

Според извештаите на локалните медиуми, сеизмичките појави биле силно почувствувани од населението на Стромболи, како и од жителите на соседните острови, а на некои места тие предизвикале паника меѓу луѓето.

„Јасно имаше појава на голем страв. Луѓето беа многу вознемирени, особено по она што се случи на Стромболи пред една година, која едно лице загина“, изјавил Марко Џорџани, градоначалник на Липари, гратче на истоимениот најголен остров на Липарскиот архипелаг.

Според Националната служба за цивилна заштита, експертите веднаш контактирале со властити на Стромболи и потврдиле дека вулканската ерупција не предизвикала жртви, како и дека ситуацијата е под контрола.

Последен пат ерупција на Стромболи беше регистрирана на 29-ти август 2019 година. За време на претходната ерупција истата година на 3-ти јули, на островот загина 35-годишен маж, кој се наоѓал во непосредна близина на вулканот како дел од група турусти, а уште едно лице беше полесно повредени. Таква зачестеност на ерупциите не била забележана во целата историја на набљудување на овој вулкан.

Во текот на летата на Стромболи вообичаено престојуваат околу три илјади луѓе, а по завршувањето на туристичката сезона, бројот на населението паѓа на околу 400 лица.

Вулканот Стромболи е постојано активен во текот на последните 20.000 години. Познат е по честите мали ерупции кои се набљудуваат од блиските острови и од морето. Висок е 926 метри над нивото на морето, односно повече од два километра над новото над морското дно. Вулканот има три активни кратера, ерупциите на Стромболи се претежно експлозивни, а излевањето на лавата е ретко.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.