(ВИДЕО) „You are black крава“- докторка од Србија во лифт навредува жена на расна основа, Србите згрозени

Видео на кое се гледа како жена навредува странец, поточно студентка од Ирска,  се прошири на социјалните мрежи. Според Твитер, станува збор за д-р М.Ш., а целата акција се одвива во зградата до Медицинскиот факултет во Нови Сад, односно зграда која се наоѓа непосредно до факултетот.  Снимката покажува дека докторката ја навредува жената на расни основи. Преовладува лоша мешавина на англиски и српски, па дури и самата таа се насмеа на глупоста што ја кажа на крајот.

– Излези надвор, бидејки е корона, излези од лифтот, тоа е законот на нашата земја. Имам проблем со тебе бидејки си црна, ова е корона а ти си црна крава, рече докторката.

Откако се појави видеото, следуваа негативни коментари, а многумина беа шокирани од глетката што ја видоа, особено поради тоа што според информациите што можат да се видат на Интернет, лекарката е родена во Белград во интелектуално семејство, нејзиниот татко е академски лекар, а нејзината мајка е адвокатка, додека нејзиниот брат е хирург на Воената медицинска академија.