13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

(ВИДЕО) За бадникарски оган на отворено завршија во притвор, додека за блиските на власта законите не важат!

Министерството за внатрешни работи и неговиот прв човек од владејачкиот СДСМ,  Оливер Спасовски постапуваат селективно и законот не го спроведуваат подеднакво за сите.

Доказ за тоа е настанот со Бадникарскиот оган во Орман и од друга страна лица за кои корисниците на социјалните медиуми наведуваат дека се припадници на таканареченото струмичкото криминално подземје блиско до власта на СДСМ, прават прослава во затворен простор и со многу поголем број учесници од дозволеното, притоа целата прослава со часови пренесувајќи ја во живо на Facebook, а од полицијата досега нема никаква реакција.

Од ваквото однесување на надлежните и МВР може да се заклучи дека во Македонија системот не функционира, а законите не важат подеднакво за сите.

Инаку претходно МВР не реагрираше ниту на групниот собир на функционерите на ДУИ, кои без маски и социјална дистанца во новата зграда на министерството за политички прашања го прославија роденденот на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

„Еве како по ковид правила слави струмичкото подземје на чело со Драган и Лазо Котуровиќи (Лазо Д’лгио)“, е насловено видеото објавено на Twitter.

„За целата програма појдете на fb профилот Dragan Koturovik каде вчера live се пуштаа видеа со саати
Се прашувам дали Оливер отишол да ја растури журката и да ги уапси?“, стои во коментарот под видеото објавено на социјалната мрежа.