(ВИДЕО) За само 15 минути Лукаку ја затресе мрежата на Арсенал во лондонското дерби

Ромелу Лукаку го постигна својот прв гол по трансферот во Челси вреден 115 милиони евра, напаѓачот со рутинска завршница ја затресе мрежата на Арсенал во дербито на Лондон.

Лукаку почна да ги тресе мрежите по враќањето во Премиерлигата, попладнево, фудбалерот од Белгија постигна гол против Арсенал во дербито на Лондон.

На напаѓачот му беа потребни 15 минути за да се запише во листата на стрелци. По една акција, голгетерот навлече неколку играчи на себе, тоа отвори простор на десната страна каде Рис Џејмс доби топка, за десниот бек потоа да му намести зицер на Лукаку, кој од пет метри рутински реализираше за 0-1.