(ВИДЕО) Заев: Додека ме држи памет нема да дозволам промена на Уставот

На прес-конференцијата во средата, ден откако беше објавено дека владите во Скопје и во Атина постигнале договор за промена на името на Република Македонија, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, презентираше видео во кое сегашниот премиер Зоран Зев во кое вели дека „додека дише, додека го држи памет дека неговиот дедо, татко и неговите деца се Македонци родени во Македонија, нема да прифати промена на Устав со цел промена на уставно име“.

На прашање на новинарката дали доколку СДСМ дојде на власт може да дојде до промена на името, тој одговара:

„Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух, додека ме држи памет дека мојот дедо, мојот татко сите мои предци, јас мојот син и ќерка сме Македонци родени овде во Македонија, тоа не може да се случи. И не само тоа, верувам дека не постои роден човек подготвен да излезе пред Парламент и да бара промена на Устав заради промена на уставното име, кажа сегашниот период во една прилика додека беше лидер на опозицијата“, вели Заев како опозиционер.

Свој коментар на ова видео имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се колне во неговите предци, во неговиот татко, дедо и во неговите деца. Нека суди македонската јавност со каков човек имаме работа. Ова беше она што го ветуваше Зоран Заев, но на Македонија и донесе т.н. договор за капитулација“, коментираше Мицкоски.

Претходно во вторникот неколку часа пред теелфонскиот разговор меѓу Заев и Ципрас се појави и поранешна белешка на актуелната министерка за одрана и вицепремиер Радмила Шекеринска, којашто покажува дека очигледно е променето нивото на патриотизам кај првата соработничка на премиерот Заев.

„Јавноста е добро запознаена со повеќегодишниот официјален став на РМ за т.н. двојна формула – уставното име за меѓународната употреба, а друго заемно прифатливо име со кое Грција ќе ни се обраќа. Предлогот на медијаторот содржеше компоненти во кои е содржано уставното име – Република Македонија (Republika Makedonija) во латинична транскрипција како официјилно име. Ставот на Владата е дека тоа е прифатливо решение, бидејќи ги запазува македонските интереси и позиции, а воедно претставува и добра основа за почеток на преговорите со Грција“, напишала Шеќеринска во 2006 година.

Всушност станува збор за нејзина конверзација со студенти од скопскиот Правен факултет кои работеле на проектот „Спорот за името“. Тие се обратиле и до Радмила Шеќеринска, тогашен министер во Владата на РМ. Таа не им дала официјален одговор, ги препратила до Министерството за надворешни рабопти, но од соработник на Шеќеринска со кого имале средба, го добиле меилот со одговорот на Шеќеринска на прашањата кои ги поставиле (подоцна интегрално обајвен во книгата „Спорот за името“), а кои не им биле испратени. Во тој одговор, содржан е и овој став на Шеќеринска кој всушност е став на Владата на РМ. ж

Значи, двојна формула која подразбира уставното име за меѓународна употреба, а Грција ќе може да ни се обраќа под заемно прифатливо име кое двете држави ќе го договорат. Кратко и јасно. Како што и денеска е кратко и јасно дека истата таа Шеќеринска нема абер од тој став и прифаќа и промена на уставното име.ПРетбод

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.