(ВИДЕО) Заев ги измеша Педро и Петро, Унгарија и Украина

Македонскиот премер Зоран Заев се прочу по гафовите, но според сѐ судејќи македонските граници му се претесни па се обидува да стане препознатлив по нив и во регионот.

Заев, така, во интервју за регионална телевизија одговарајќи на прашање за темата кога стана жртва на лажни телефонски јавувања, зборувајќи за неговиот прочуен разговор со лажните тогашен украински претседател Петро Порошенко и генералниот секратар на НАТО, Јенс Столтенбер, укранскиот челник го именуваше како Педро и тоа како претседател на Унгарија.

Колку што ѝ познато на македонската јавност, Заев досега не објавил дека разговарал со унгарскиот претседател Јанош Адер. Впрочем и прашањето прецизно се однесуваше на неговиот разговор со лажниот Петро Порошенко.

По тоа следи лавина реакции на социјалните мрежи

„Петро не е Педро и не беше претседател на Унгарија туку на Украина. Боже, деген е човеков“, пишува корисникот на Twitter @DoliTheDoll. Кој го објави видето.