(ВИДЕО) Заев го редефинира македонскиот народ со нов назив

Премиерот Зоран Заев, познат по вербалните гафови влета во нова јазина еквилибристика во обидот да ја избегне  употреби придавката македонски, претставувајќи го македонскиот народ како мултиетнички.

Во своето обраќање по повод добивањето  на наградата во Сараево, Заев искажува во исто време и политичка, правна и логичка небулоза, како што оценуват корисниците на социјалните мрежи кои жестоко реагираа на изјавата.

„Мултиетнички можат да бидат државата или општеството но народот може да биде само македонски, турски, албански, српски….“, го поучуваат македонските корисници премиерот Заев.