(ВИДЕО) Заев и Ангеловска за Буџет: Субвенционирање на придонеси, намалување на капиталните инвестиции

На прес-конференцијата премиерот Заев најави повисоки плати за вработените и раст на економијата.

Премиерот Зоран Заев и новата министерка за финансии Нина Ангеловска одржаа прес-конференција во Владата за одлуката за ребалансот на Буџетот донесена на денешната владина седница.

Премиерот Заев на прес-конференцијата најави повисоки плати за вработените и раст на економијата. Тој најави 400 милиони денари одвоени за субвениционирање на придонесите и 183 милиони денари за колекторскиот систем и заштита на Охридското езеро.

Заев рече дека се зголемил бројот на вработени во земјава, а од септември административците ќе земаат повисоки плати за 5 отсто.

50 милиони евра е кратењето на буџетот кога станува збор за капитални инвестиции.

Премиерот Зоран Заев рече дека ова е чесен ребаланс.

Скратени се пари во секторот образование, за средни училишта и за универзитетите, за болниците во Кичево и Штип, и други проекти.

Министерката Ангеловска изјави дека со почеток од октомври, мерката со субвенционирани придонеси ќе трае три години и ќе им овозможи на компаниите да ги задржат квалитетните кадри. Оваа мерка ќе трае три години, а ќе почне од октомври. 200 милиони денари се одвоени за активни мерки за вработувања. Ќе се стимулира производството да биде поатрактивно за младите. Пари се предвидени за МојДДВ, за откуп на акции од АД Гама.

Таа вели дека буџетот е во одлична состојба и напомена дека производството ќе се стимулира за да биде поатрактивно за младите.

Mинистерката за финансии, Нина Ангеловска соопшти дека два-три советници се потврдени, но наскоро ќе го презентира својот тим пред јавноста.