ВИДЕО: Заев им ветуваше живот, сега арачиновци немаат ни вода за пиење

Наместо живот кој им го ветуваше новиот премиер Зоран Заев во предизборието, жителите на Арачиново немаат вода за пиење. Тие дури ги продаваат и своите возила за да копаат бунари, бидејќи како што велат, без вода нема живот.

Децата од селото Арачиново наместо да си играат, полнат вода за пиење за семејството. Ова е единствената чешма овде од која со вода за пиење се снабдуваат повеќе од 500 куќи. Нухи Ајдини во зиајва за ТВ 21 вели дека се обидува да го реши својот проблем. Тој е принуден да го продаде својот камион за да ископа бунар.

-Решивме да ископаме бунар бидејќи без вода нема живот, ние имаме можност за тоа, но што да прават тие што немаат. Тие што немаат бунар, вода полнат од чешма, вели арачиновецот Ајдини за телевизијата.

Фаик Џавиди е мајстор за бунари, тој вели дека во недостаток на водовод, овие жители се враќаат да живеат во време кога имаше бунари. Мајсторот вели дека има премногу побарувања за копање бунари во Арачиново.

Жителите од оваа населба се собраа пред селската чешма раскажувајќи за својот проблем, за тоа како ги минуваат овие денови со екстремно високи температури, без вода.Насер Ајдини купил две пластични буриња каде инсталирал систем за вода.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.