(ВИДЕО) Заев: Од Мицотакис добив позитивен одговор дека ќе помогне за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ

Грција е влијателна земја во ЕУ и побарав да помогне за да добиеме датум за почеток на преговорите, изјави премиерот Заев по средбата со неговиот грчки колега. Заев додаде дека добил позитивен одговор од Мицотакис дека ќе се бори за ЕУ интергациите на Македонија, јави ТВ Телма.

Имплементацијата на Преспанскиот договор , исто така била една од темите, рече Заев, и со Мицотакис зборувале за граничните премини, за меѓународната експертска група која треба да продолжи со разговорите за да ги најде прифатливите решенија за двете страни.