ВИДЕО: Заев – пишман аџија!

Вчерашниот ден за СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев, заврши како онаа во народните приказни: „Да, одам, да не одам…? Море ќе одам, па што сак нека биде… Или сепак не? Не, не, никако… поарно ич да не одам“!, пишува Вистина.мк

Ете такво беше однесувањето на Заев, кој по принципот: „Тргни- врати се, тргни-попишмани се“, тргна по умот на неговите ментори, Милчин, Фрчковски, Геровски…, па наместо како голем аџија кој држи до зборот и парафот, заврши како„пишман-аџија“! Како оној во легендарната македонска народна приказна, кој знаеме како заврши – Се врати таму од каде што тргнал!

Screenshot 2511

-А како тргнал и по чиј ум, по се изгледа така ќе заврши и „Зајко“ – таму од каде што почнал! Оти, како што вели прикаската:„Ако пишман си се родил-пишман и ќе умреш“! Во случајов,  ќе „умреш“ политички!, пишува Вистина.

Во знак на вчерашниот ден и однесувањето на Зоран Заев и неговите „подучувувачи“ од  соросовата приказна, ви нудиме едно мало потсетување на легендарната Македонска народна приказна „Пишман аџија“.

Погледнете ја народната поента од приказната, оти она што народот еднаш го констатирал и кажал,  важи за навека!