(ВИДЕО) Заев: Референдумот е неуспешен

Иако беше упорен дека референдумот за промена на уставното име на Република Македонија од 30-ти септември е успешен, иако одѕивот на избирачите беше далеку помал од задолжителниот цензус од 50 отсто плус еден избирач, премиерот Зоран Заев најверојатно во напад на искреност конечно призна дека плебисцитот не бил успешен.

„Референдумот вика одлуката се смета за донесена ако има мнозинство и ако има цензус. НЕ Е ДОНЕСЕНА ОДЛУКАТА. И ШО ПРАИМЕ СЕГА? Што да им кажеме на тие 600.000 што одлучиле да учествуваат? Оти тие што останале дома не се сите против… Оти тие не излегоа да бидат против?“, рече Заев во своето обраќање на собраниската Комисија за уставни прашања.