(ВИДЕО) Заложничка драма во Монтреал, напаѓачи влегле во компанијата „Убисофт“

Булеварот „Сен Лорен“ во Монтреал е преплавен со полиција, откако добиле повик за група на лица кои земале заложници во комплексот згради кои припаѓаат на компанијата за развој на видео игри „Убисофт“.

На лице места дошле и специјалци. Локалните медиуми пишуваат дека напаѓачите имале барања за откуп до полицијата, и истите ги доставиле.

Засега е нејсно колку напаѓачи се во прашање, како и ни бројот на заложници. Еден од вработените избегал на покривот, каде што се забарикадирал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.