ВИДЕО: Запален политички билборд на ВМРО ДПМНЕ во Скопје

Билборд од политичка кампања на ВМРО ДПМНЕ ноќеска бил запален во Скопје.

Во однос на ова, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска на прес конференција им порача на оние кои го сториле ова дека ќе одговараат пред законот, по парламентарните избори закажани за 12 април, годинава.

„Оние кои го направиле ова нека се сетат на сликата кога Катица Јанева со качулка на главата и лисици на рацете беше спроведувана од органите на прогонот, а Зоран Заев се откажа јавно од неа. Нека не бидат слепи послушници, оти тој ќе биде пратеник и ќе има имунитет“, порача Мицкоски