(ВИДЕО) Запалена статуата на Доналд Трамп во Словенија

43

Словенечките власти соопштија дека е запалена дрвената статуа на американскиот претседател Доналд Трамп во Словенија, од каде што е неговата сопруга Меланија.

Словенечката полиција трага по извршителот. Статуата висока речиси осум метри, беше крената минатата година и го прикажуваше Трамп со квадратна глава и крената рака.

Иако конструкцијата стана популарна туристичка атракција, некои жители на Село при Камнику биле незадоволни и најавувале дека ќе ја запалат за Ноќта на вештерките, па била преместена во Моравце, пренесува Асошиејтед прес.

Градоначалникот на тоа место Милан Балазиќ кажа дека палењето на статуата претставува „симбол на нетолеранцијата на уметничките проекти во општеството“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.