(ВИДЕО) Застрашувачка снимка ги покажува земјотресите околу Петриња

Сеизмолошката служба на Хрватска објави видео во кое се прокажуаат сите земјотреси кои се случија во понеделникот и вторникот.

Во описот на видеото е наведено дека на 28 декември 2020 во 6:28 часот се случил силен потрес со магнитуда 5 и епицентар кај Петриња.

Истиот ден следеле уште неколку посилни земјотреси, а на 29 декември во 12:19 часот подрачјето околу Петриња беше погодено од разорен земјотрес од 6,2 степени.

Во видеото се прикажани сите епицентри на анализираните земјотреси кои се регистирани на 28 и 29 декември.

На подрачјето на Сисак синоќа се случија неколку послаби потреси од кои најсилниот бил со јачина од 2,9 степени. Хрватските медиуми пишуваат дека тој потрес бил 119. кој се почувствувал во изминатите 73 часа.