(ВИДЕО) Застрелани двајца полицајци во рутинска сообраќајна контрола во Чикаго

За време на сообраќајната контрола во Чикаго, возач со пиштол ранил двајца полицајци, по што третиот полицаец возвратил и го ранил.

Полицијата забележала пиштол во возилото на осомничениот кога го запрела во паркот Гарфилд. Откако тој одбил да излезе од возилото, полицијата му го скршила прозорецот од автомобилот.

Притоа човекот го зел пиштолот и пукал кон полицајците, на што третиот поицаец од патролата возвратил кон напаѓачот.