(ВИДЕО) Зелен снег на Антарктикот, се гледа дури и од вселената

Зелениот снег што настанал од цветањето на алгите на Антарктикот, најверојатно ќе се шири со зголемувањето на температурите, што е последица на климатските промени, велат истражувачите, откако ја направиле првата мапа на овие организми и нивните движења.

Сателитските податоци собрани меѓу 2017 и 2019 година, во комбинација со теренските мерења во текот на две лета на Антарктикот, им овозможиле на научниците да ги  мапираат микроскопски алги додека цветаат над снегот.

„Повисоките температури би можеле да создадат повеќе опкружувања поволни за живот на алгите, на кои им е потребен влажен раст на снегот“, рекле истражувачите за Си-ен-ен.

Според студијата објавена во списанието „Nature Communications“, зелената снежна алга е микроскопска доколку се мери поединечно, но кога организмите растат во исто време, снегот станува светло зелен и може да се види дури и од вселената, велат истражувачите.

Плочи со зелени снежни алги можат да се најдат по должината на брегот на Антарктикот, обично во потоплите региони, каде просечните температури се малку над нула степени во текот на летните месеци на јужната хемисфера од ноември до февруари.

Според истражувачите, Антарктикот е дел од регионот кој го доживеал најбрзото затоплување во втората половина на минатиот век.