ВИДЕО| Зеленски на фронтот во Днепропетровск, украинските сили бројат милион борци

Украинскиот претседател Владимир Зеленски објави во петокот дека ги посетил украинските војници на првата линија на фронтот во Днепропетровск, а истовремено неговиот министер за одбрана Олексиј Резников изјави дека бројот на украинските сили во моментов изнесува милиони борци.

„На првите позиции во Днепропетровската област. Разговарав со нашите бранители, им врачив признанија“, објави Зеленски на својот Telegram канал приложувајќи фотографии и видео од посетата.

Истовремено украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников изјави дека бројот на украинските војници изнесува повеќе од милион лица, пренесе украинскиот портал Страна.ua, кој забележува дека станува збор за прво објавување на таков податок од почетокот на руската инвазија.

Според овие податоци, украинските сили вклучуваат во моментов до 700.000 припадници на Вооружените сили, до 100.000 припадници на националната полиција, до 90.000 припадници на Националната гарда, и до 60.000 припадници на пограничните единици.