(ВИДЕО) Земјотрес во Хрватска, има материјални штети

Земјотрес со сила од 5,2 степени според Рихтеровата скала изутринава околу 6:30 часот ја погоди централна Хрватска. Како што пишуваат локалните медиуми епицентарот на потресот бил на околу 50 километри југоисточно од главниот град Загреб.

Материјална штета има во Сисак и подрачјето на Петриње.

Српските медиуми објавија дека тресење на тлото е почувствувано и во Белград и Нови Сад.

Во март, земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди Загреб при што загина едно лице, а 27 други биле повредени.