Моментите од силниот земјотрес што вчера ја погоди Турција и во кој загинаа најмалку 22 лица, беа забележени во живо на некои турски телевизиски програми.
На социјалните мрежи се појавија снимки од ТВ студијата, кои емитуваа програми во тој момент. Учесниците во програмата започнаа сериозно да се лулаат на столчињата, видно збунети.
Земјотресот со јачина од 6,9 степени ја погоди турската провинција Елзиг, а беше почувствуван и во соседните земји, Сирија, Либан и Иран.
Моментот на земјотресот е снимен и во други објекти, објавен на Твитер.
Бројот на загинати се зголеми на 22, а се проценува дека уште најмалку толку се заробени под урнатините.
Според најновите податоци, повредени се над 1.030 лица, а екипите за спасување трагаат по исчезнати лица на три локации.
BREAKING – A massive earthquake of magnitude 6.8 shocks eastern Turkey's Elazığ province.
Several buildings have collapsed or sustained damages following the quake. pic.twitter.com/W7sOPKeqQJ— modi (@modrunaway) January 24, 2020