(ВИДЕО) Земјотрес со магнитуда над 5 по Рихтер ја погоди Атина

Америакнскиот Геолошки институт (USGS) јави во петокот дека грчката престолнина Атина била погодена од потрес со магнитуда од 5,3 по Рихтер, додека атинскиот Институт за геодинамика јавува дека земјотресот бил со магнитуда од 5,1.

Како што пренесуваат грчките медиум, атињаните во паника ги напуштиле домовите и објектите во коишто престојувале во моментот. Засега не се пријавени повреди или штети.

Жителите на грчката метропола изјавуваат дека потресот регистриран околу 2,13 часот по локално време бил „силен, но за среќа не траел долго“. Медиумите известуваат и дека луѓето во текот на потресот биле евакуирани од високите згради.

Европскиот сеизмолошки центар регистрирал дека епицентарот на земјотресот бил на 22 километри северозападно од Атина, а хипоцентарот е забележан на дабочина од 5 километри.

Според некои наводи, ова е првиот посилен потрес кој ја погодил грчката престолнина од 1999 година, кој беше со магнитуда 6,0 и во кој загинаа 143 луѓе а стотина објекти се урнаа или беа тешко оштетени.

По главниот подземен удар во петокот Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) регистрирал за само еден час серија од најмалку седум афтершокови чиишто магнитуди изнесувале од 2,5 до 4,6 по Рихтер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.