ВИДЕО: Земјотресот во Грција ги исплаши туристите

Иако не предизвика големи материјални штети освен одрони на фасади на неколку куќи и згради, земјотресот во Грција ги исплаши туристите.

И македонските туристи на Халкидики утрово биле разбудени од земјотресот со јачина од 5,1 степен по Рихтер.

Околу 7 часот, жители и туристи на Полихроно, Певкохори, Калитеа и останатите места на првиот крак на полуостровот, излегувале од своите хотели или домови, уплашени од земјотресот.

Погледнете што остави зад себе земјотресот во сред сезоната во Грција.