(ВИДЕО) Жестока кавга меѓу Бачев и ДИК

Јанко Бачев претседател на партијата „Единствена Македонија влезе во жесток дуел со претседателот на ДИК и со членот Елизабета Постоловска и побара освен приговорот да има увид во избирачкиот матерјал. Тој обвини дека тие како партија на изборите настапиле како безимен субјекет, односно ДИК го отстраниле „Никогаш Северна – само Македонија“. Тој обвини дека неговата партија била колатерална штета на овие избори.

Иако неколкупати беше предупредуван од шретседателот Дерковски дека упатува навреди кон членовите, Бачев жестоко реагираше., не само кон Дерковски туку и кон членот на ДИК Елизабета Постоловска која му образложи дека неговата листа било ставено на име подносител на листата „Единствена Македонија“, односно име кое самата партија го избрала и дека не може да стои различно име на ливчето за гласање..