(ВИДЕО) Жители на Мостар спасуваа Американец да не се удави откако скокна во Неретва

Жителите на босанскиот град Мостар спасуваа Американец да не се удави.

Американецот за малку ќе се удавел во водите на реката Неретва, по неуспешен скок од стариот мост во Мостар, јавуваат локалните медиуми.

Оние кои веќе скокале од мостот го предупредиле Американецот да се откаже од намерата, но тој рекол дека има искуството од скокање со падобран.