ВИДЕО: Зошто Фатиме имала траги на раката ако не гласала?

фатиме

Воопшто не се важни сведочењата на членовите одборот на општинската изборна комисија, бидејќи доколку се земеа во предвид истите до ваквите скандалозни одлуки немаа да бидат запишани во македонската историја.

Со тоа практично целиот избирачки одбор беше обвинет дека лаже и осомничен дека учествувал во изборна измама.

Од избирачкиот одбор тврдат дека Фатиме Сулејмани гласала и со УВ ламба се видело дека има мастило на прстот.

Сулејмани беше проверена со УВ ламба. Проверивме дали има знаци и заклучивме дека има малку знаци, истакна претседателот на избирачкиот одбор.

Околу 14: 30 часот дојде жена со својот сопруг да гласа, прво се легитимираше за да провериме дали е на избирачкиот список. Видовме дека на списокот каде што треба да се потпише веќе имаше потпис и членот и укажа дека веќе гласала. Потоа членот на БЕСА излезе и почна да тврди дека они се први комшии и дека таа не била да гласа и инсистираше да се прекине процесот на гласање. Јас му укажав дека тој нема право да одлучи дали ќе се прекине или не, може само да поднесе забелешка до изборната општинска комисија. Нормално, сите ние видовме, сите членови сакавме да видиме што е работата. Мислевме да не е грешка, но потписот искочи дека е ист како на личната карта. Одлучив жената да потпише на бела хартија и потписот беше ист. Со тоа ние заклучивме дека таа веќе била и гласала претпладне и не и дозволивме да искористи по втор пат да гласа, бидејќи тогаш би го прекршиле законот, заклучува претседателот на избирачкиот одбор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.